Стек со мелено месо
  • ч : мин
  • 1 порции
  • лесно

Приготвување

Меленото месо го спремате на едноставен начин како што се спрема смеса за чувте. Значи меленото месо го ставате во длабок сад, го ставате јајцето и сите зачини. Кромидот го сецкате на ситно, лукот исто така. Се замесува убаво тестото во хомогена смеса.

Стековите се сечат на парчиња и се толчат и зачинуваат со сув зачин, бибер мелен и сол. Се премачкува со сенф.

На парче стек се ставаат две лажици смеса од мелено месо и го ставате на загреана скара, така сите стекови наредете ги на скара. Ако немате скара може и во тава. Заборавив да ви спомнам за подмачкување на скарата со масло за готвенје. Неколку минути оставете го стекот да се потпече па го вртите на другата страна. И од другата страна каде што е меленото месо се остава неколку минутим. Тргнете го месото на страна и сервирајте го со некоја салата или зеленчук, по ваша желба.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Пилешки стек 1 кг
  • Мелено месо 500 гр
  • Јајце 1 средни
  • Кромид 1 главица мл
  • Лук 1/2 главица мл
  • Магдонос сецкан 2 лажици
  • ким 1 лажички
  • куркума 1/2 лажички
  • лебни трошки 2 лажици
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK