Тарт со Чоколаден Крем
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • средно

Тарт или отворена пита, во последно време е многу популарна во нашите кујни. За разлика од некои тарти што се прават од дробени бисквити и путер, овој вид на тарт што ќе ви го представам е од ровко тесто ( како за гурабии ). Многу ми се допаџа кај тартите што можеме да ги филуваме по желба, како солени така и благи, со преубави декорации и кремови.

Приготвување на кората

Брашното го додавате во длабок сад потоа му додавате сецкан маргарин и со рака промесувате додека не ги згмечите коцките маргарин. Обавезно додавате малку сол, три лажици шеќер и малку ладна вода за да се замеси тестото. Убаво треба да се спојат состојките во една хомогена смеса. Направеното тесто го оставате во фрижидер 30 минути.

Печење на кората

Го вадите тестото од фрижидер и го ставате на побрашнета работна маса. Го расукувате на работна маса во големина на плехот во кој ќе ја печеме кората. Но сепак мора малку поголема да биде, бидееќи краевите треба да ги усправите. Плехот го премачкувате со маргарин или ставате мрсна хартија. Расуканата кора ја сечете на неколку парчиња и едно по едно парче ставате во плех и со раце тапкате да се спојат сите делчиња. Краевите ги оставаме повисоки. Со вилушка боцкате по кората на многу места за да не се дигне многу кората кога ќе се пече. Ставате во рерна и печете на 180 степени околу 20 минути.

Спремање на чоколадниот крем

Чоколадото го ставате на пареа да се растопи. Во длабок сад ја сипате хоплата и ставате 4 лажици шеќер, матите додека не добиете цврст крем. Растопеното чоколадо го ставате кај хоплата и рачно ја мешате. Шлагот го матите со млеко, а оревите ги сецкате.

Филување на тортата

Кората ја вадите од плехот и ја ставате на голема чинија. Потоа го ставате чоколадниот крем, а одозгора го ставате шлагот. Наросувате со сецкани ореви. Вие може да ја украсите по ваша желба.

Препорака

Убаво е тартата да одстои неколку сата, па дури и ноќе да одстои во фрижидерот да омекне кората. Тартата послужете ја со шоља кафе.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно 250 гр
  • Маргарин 150 гр
  • Сол 1/2 лажички
  • Шеќер 3 лажици
  • Вода по потреба мл
  • Фил хопла 500 мл
  • Чоколадо за готвење 200 гр
  • Шлаг пена 2 кесички мл
  • Ореви сецкани 100 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK