Торта од бисквити и банани со карамелизирани ореви и бадеми
  • ч : мин
  • 1 порции
  • лесно

Вкусен и лесен колач за јадење. Бргу се прави но побргу се јаде.
Шлаг пените ставете ги во пластичен сад за матење и додајте го млекото. Матете со миксер и додајте ја шлаг кремата од ванила. Сите банани излупете ги и измиксирајте па додајте ги во шлагот.

Оревите и бадемите ставете ги во тавче и со три лажици шеќер пропржете, да се карамелизираат. Оладените ореви и бадрми смелете ги во блендер ( ни крупно ни ситно ).Јас оваа торта ја редев во плехче а вие можете во било кој соодветен сад.Пред да почнете со редење на бисквити ставете алуминиска фолија во плех.

Секое бисквитче го бркате во млекот и редете во плехче.Преку бисквитите ставате од кремот и премачкувате насекаде а врз кремот ставате од оревите и бадемите. Потоа пак ставате ред од бисквити ред крем и ореви и бадеми одозгора посипате.Уште еден ред ставате од бисквитите. Ја покриваме тортата со фолија и ја ставаме во фрижидер еден сат. Тортата ја превртувате на послузовник и ја премачкувате со кремот и украсувате.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Шлаг пена 4 кесички мл
  • Банани 1 кг
  • Шлаг крем од ванила 1 мл
  • Млеко 400 мл
  • Ореви 200 гр
  • Бадеми 100 гр
  • Шеќер 3 лажици
  • Бисквити 400 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK