Торта од бисквити со пудинг од чоколадо и ореви
  • ч : 45мин
  • 5 порции
  • лесно

Наедноставна,најлесна и најбрза торта за правење е торта со бисквити. Секој во својот дом ги прави тортите од бисквити на свој начин, со разни додатоци и вкусови. Овошна,со шлаг,ванила, карамела, чоколадо и многу други. Јас денес ќе ви направам торта со чоколаден пудинк и ореви.

Пудингот сварете го со млеко во кој сте додале стевија или на трен по вкус. При крај додајте го путерот и убаво промешајте. Оставете го да се олади, покриен со прозирна фолија( да не се добие кора над пудингот).

Во мали калупчиња ставете фолија (јас имам направено три мали торти а вие мозете во еден поголем калуп да ја направете тортата). Мелените оревим ставете ги во пудингот и убаво промешајте. Во секој калуп ставете од пудингот по неколку лажици а одозгора редетеги бисквитите.Пак ставете од пудингот и бисквити наредете. Така се додека не го потросите пудингот а одозгора ставете рендани ореви.Покријте со фолија и ставете во фризидер. Кога ќе ја служите тортата извадете ја од фолија.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Биеквити 500 гр
  • Млеко 1 л
  • Пудинг во прав од чоколадо 2 кесички мл
  • Ореви 600 гр
  • Стевија или на трен по потреба мл
  • Путер 200 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK