Торта сарма со мелено месо
  • 2ч : 00мин
  • 6 порции
  • средно

Ах Сарма, едно од моите омилени главни јадења. Вкусна комбинација која се топи во устата, притоа создавајќи зависност за повеќе, и повеќе. Кој пробал знае, кој не, нека дознае!

Инаку сармата е традиционално македонско јадење, лесно за конзумирање и прилично лесно за подготовка. Но овојпат ќе Ви претставам една поинаква комбинација, малку необична за нашиот регион. Станува збор за руска варијација наречена “Торта Сарма”, која се подготвува со истите состојки но на поинаков начин.

Се надевам дека во наредните неколку часа ќе уживате во оваа руска авантура, притоа создавајќи нова необична и магична комбинација на добро познатиот специјалитет од нашите простори. Да започнеме!

Подготовка на листовите од зелка

Започнуваме со отстранување на средниот, тврд дел од зелката. Во еден подлабок сад за готвење додаваме вода, една лажица сол, и пола кесичка лимонтус. Садот се става на оган се додека зелката не се обари. Притоа…Во процесот на обарување, вадиме лист по лист на секоја минута. Откако ќе ги отстраниме сите листови, ги сечеме потврдите и подебелите делови. Вака подготвените листовите се спремни за следниот чекор. Време е да започнеме со подготовка на филот.
Orsay

Подготовка на филот

Во посебни садови за готвење ги ставаме оризот и морковите да се варат. Откако ќе се сварат убаво се процедуваат. Во еден сад додаваме излупен и ситно исечкан кромид, претходно измиени и исечкани печурки, и варениот, исечкан морков.Оваа мешавина од зеленчуци се соединува со варениот ориз, се додава едно јајце, 4 лажици масло за јадење, малку бибер и сув зеленчук или зачин. целата смеса добро се промешува да се соедини. Вака подготвениот фил е спремен за магичната комбинација која следи.
Orsay

Припрема на сармата

Во округла тава (може да биде и глинена) претходно обложена со алуминиумска фолија, се премачкуваме со масло јадење. Започнуваме со редење на листовите и филот, најпрво започнувајќи од поголемите листови.Се редат 2 до 3 листа зелка, притоа надворешните страни да излегуваат надвор од тавата. Врз последниот лист додаваме од смесата со мелено месо, приутоа убаво распоредувајќи по целата површина на листот.
Orsay
Процесот го повторуваме се додека не ги искористиме сите листови и филот, притоа оставаме неколку листови за покривка на целата торта. Откако ќе го завршиме овој процес на редење премачкуваме со кисела павлака и рендаме кашкавал.
Orsay

Печење

Вака приготвената сарма ја ставаме во рерна да се пече во времетраење од 1 час на температура од 220 целзиусови степени. Откако ќе се испече ја става на поголема чинија. Може дополнително да ја премачкаме со павлака и наросиме со мелен орев или бадем. За полесно послужување добро е да ја пресечете на триаголни парчиња.
Orsay

Како за крај…

Се надевам дека Ви се допадна оваа интересна и магична, малку необична, но впечатлива комбинација. Постојат и други видови и форми на сарма кои може да ги испробате, но ова беше мојот избор за денес.Несомнено, љубителите на сарма изнаоѓаат нови и необични начини за приготвување на ова вкусно, вековно јадење. Овие комбинации носат свежина и креативност кои ни даваат поттик да бидеме умешни во кујната и да го направиме нашето готвачко искуство уште поинтересно!

До следно видување, добар апетит!

Orsay

Состојки

  • Зелка 1,5 кг
  • Мелено месо 500 гр
  • Ориз 300 гр
  • Кромид 1 средни
  • Јајце 1 средни
  • Морков 2 средни
  • Бибер 5 гр
  • Печурки 300 гр
  • Кашкавал 300 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK