Торта со кадаиф и Крем
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Еве уште еден Турски рецепт кои треба да го пробате бидееќи е многу вкусен и интересен.Тоа е кадаиф со крем, хм, интересно. Мие го знаеме оној кадаиф со шербет и суво грозје, ама ваков со крем никогаш не би ми паднало на памет да направам такво нешто додека невидов на интернет ама со некои мали измени. Па се надевам дека и вие ќе го пробате.

Подготвување на кадаифот

Moже да купите и печен кадаиф или непечен. Го иситнувате кадаифот на поситни парчиња и го ставате во длабок сад, каде што сте го истопиле маргаринот или путер и го додадовте шеќерот. Убаво промешувате и го пржите околу 15 минути додека не добие боја. Ги ставате исецканите ореви.Тоа го тргате на страна.

Подготовка на кремот

Литар млеко го ставате на плотна го топлите. Го тргате на страна и му додавате шеќер, густин и јајца кои предходно сте ги разматиле убаво. Убаво матите да нама грутчиња и уште го ставате тенџерето на плотна и промешувате па додамате маргарин. Одкако се растопил маргаринот го тргате кремот од плотна и убаво измешувате и додавате ванилин шеќер. Покривате со прозирна фолија.

Филување на тортата

Пола од кадаифот го ставате во тркалезен плех, врз тоа ставате две третини од кремот па одозгора го ставате кадаифот, па пак крем и украсувате со тркалца од банани. Интересна комбинација кадаиф и крем.

Шербет

Може да ставите и шербет врз кадаифот, прв слој и на вториот слој. Посочна ќе биде.

Јас немам ставено.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Кадаиф 400 гр
  • Шеќер за крем 5 лажици
  • Шеќер за кадаиф 150 гр
  • Путер 150 гр
  • Ореви сецкани 300 гр
  • Млеко 1 л
  • Густин 5 лажици
  • Јајца 3 средни
  • Маргарин 250 гр
  • Ванилин шеќер 2 кесички мл
  • Шербет ако ставате Шеќер 500 гр
  • Вода за шербет 200 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK