Торта со компир
  • 1ч : 20мин
  • 6 порции
  • средно

Денес решив да направам една необична торта за ден на жените 8 март. Овој рецепт од компири одамна сакав да го приготвам. Звучи интересно, ТОРТА ОД КОМПИР ха, некој ќе рече, ма каква е таа торта со компири….Мора да ја пробате и да се изненадите во убавиот вкус.

Потребни состојки

Компирот го ставате да се вари со се лушпа, оревите ги мелете а може и сецкани, и бисквитите ги мелете. Одкако компирот ќе се свари го лупите и го гмеците да направите пире.

Мешање на компирот со другите состојки

Во изгмецениот компир уште додека е топол го ставате маргаринот и убаво промесувате да добиете хомогена смеса. Потоа ги додавате бисквитите, шеќерот во прав, оревите, ренданата кора од пороткал, ванилин шеќер и рум. Чоколадото го топите на пареа.

Обликување на тортата

Смесата убаво ја замесувате, ако може така да кажеме, бидееќи треба убаво да се спојат состојките. Ја делите на два дела во едниот ставате растопеното чоколадо. Зимате калуп како што ви одговара и ставате прозирна фолија и ја ставате смесата внатре. Прво ја ставате белата смеса па чоколадната.

Финалниот дел

Ја покривате смесата со фолија и ја ставате 30 минути во фрижидер. После 30 минути ја вадите тортата од фрижидеро и ја превртувате на чинија, ја тргате фолијата. Потоа ја премачкувате со предходно разматената хопла, во која сте го ставиле растопеното чоколадо. Ја премачкувате тортата и украсувате по желба.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Компир 1 кг
  • Маргарин 250 гр
  • Ореви мелени или сецкани 200 гр
  • Малени бисквити 300 гр
  • Шеќер во прав 300 гр
  • Рендана кора од портокал 1 парче мл
  • Рум 1 мало шишенце мл
  • Ванилин шеќер 2 кесички мл
  • Чоколадо за готвење 200 гр
  • Хопла 500 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK