Турски Кифли
  • 1ч : 0мин
  • 6 порции
  • лесно

Кифли, кифли сите сакаме кифли. Пекарски, лиснати, полулиснати, разни видови со разни филови. Зошто да не и со готови кори? Се чини интересно, нели? Кифлички од готови кори, кој би се сетил на такво нешто. Токму вакви кифлички се мојот предлог за рецепт. Несоменено вкусни и крцкави, ќе ве намамат со прекрасниот мирис и изглед а посебно ќе се изненадите од едноставноста од нивната подготовка. Претпоставувам дека вакви кифлички сеуште немате пробано, па ајде направите ги и уживајте во нивниот прекрасен вкус.
tk1

Припрема на намирници

Во еден подлабок сад се додава млекото и маслото за јадење. Во друг сад се сечкаат виршлите заедно со кашкавалот. Корите ги ставаме на работна маса и ги покриваме со кујнска крпа се додека не почнеме со правење на кифлите.
tk2

Правење на кифличките

Се зема една кора и ја ставаме на работна маса, ја премачкуваме со течноста од млеко и масло за јадење па уште две кори се редат врз првата, кои ги премачкуваме со истата смеса. Наредените кори една врз друга се сечат на 4 дела па на уште 4 и се добиваат неправилни триаголници (како на сликата). На најширокиот дел на триаголникот се става парче од виршла и парче кашкавал па се замотуваме во форма на кифла.Така се припремаат и останатите кифлички се додека не се потрошат сите кори.
tk3

Печење на кифлите

Плехот во кои ќе ги печеме кифлите се обложува со хартија за печење и се премачкува со масло за јадење (може и без него). Потоа ги редиме сите кифли и ги засекуваме одозгора со нож. Кифлите се премачкуваат со разматено јајце и се посипува со сусам. Се печат на температура од 200 степени.
tk4
Препорачливо е брзо конзумирање, додека кифличките се топли и крцкави и додека кашкавалот е растопен. Ќе бидете изненадени од вкусот и идејата за ваква подготовка и сигурно ќе сакате да ги подготвите повторно. Одлични се за моменти кога имате најавени гости а сте во мисла што да им подготвите. Брзи и лесни за подготовка а притоа и многу вкусни, несомнено ќе станат дел од вашето мени а воедно ќе бидат вистинска закуска за вашето семејство и пријателите.
tk5

Уживајте во вкусот и пријатен апетит!


Состојки

  • Кори 500 гр
  • Млеко 250 мл
  • Масло за Готвење 130 мл
  • Јајце 1 средни
  • Сусам 2 лажици
  • Виршли 300 гр
  • Кашкавал 300 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK