Фераро роше бомбици
  • ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Сите од нас уживаат во благи производи. Торти, разни десерти со крем, со овошје, суви колачиња, колачиња со шербет, баклави и многу други врсти на колачиња. Сите си имаат посебен вкус, изглед и преубаво мирисаат, неможеме да им одолееме.

Приготвување на состојките

Лешниците ги печете во тава, додека не добијат жолтеникава боја. Потоа ги сецкате во сецко или ги сецкате со нож. Наполитанки ги сецкате и ги ставате кај лешниците исто така и нутела. Добро ја матите хоплата па и таа ја ставате кај другите состојки. Убаво промешувате и од смесата правите мали топчиња. Во друг сад ставате чоколадо, малку маргарин и 3 лажици млеко. Ставате на пареа додека убаво не се спојат сите состојки.

Финалниот дел

Топчињата ги валкате во чоколадо и ги ставате во хартиини корпички. Ги ставате малку во фрижидер. Ги служите со добро вино или кафе. Сите кои сакаат многу, многу благо, прав погодок се овие топчиња. Уживајте.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Лешник 250 гр
  • Наполитанки од лешник 250 гр
  • Нутела крем 250 гр
  • Слатка павлака 200 мл
  • Чоколадо за готвење 100 гр
  • Млеко 2 лажици
  • Маргарин 100 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK