Чупавци без брашно
  • 1ч : 30мин
  • 1 порции
  • лесно

За кокосови коцки (чупавци), постојат најразлични рецепти.Вообичаено патишпанот се приготвува на ист начин со тоа што можеме да додадеме разни намирници (сецкано овошје, замрзнато овошје, или пак други намирници по избор).Патишпанот може да го искористиме и да направиме мали ролатчиња или пак да го исечеме на половина и да покриеме со крем.Доколку сакаме можеме да го приготвиме патишпанот без брашно. Во прилог следи подготовката на овој сладок рецепт, сервирајте со ладно бело вино и се надевам дека
нема да погрешите доколку го приготвите овој рецепт за вашите најблиски!
tk1


Приготвување на јадкастите плодови и јаболки

Најпрво започнуваме со јадкастите плодови кои ги мелеме во блендер, се ставаат во длабок сад.Јаболките ги лупиме и рендаме, ги ставаме во сад и пропржуваме додека не испари течноста.
tk1

Приготвување на тестото

Во садот каде што сме ги ставиле сомелените јадкасти плодови додаваме суво грозје, сода бикарбона, јајца, мед, рендан портокал, цимет, рендани јаболки и вода.На крај убаво промешуваме се додека состојките не се соединат и добиеме хомогена смеса.
tk1

Печење на тестото

Земаме еден правоаголен плех, го премачкуваме со масло за јадење и го побрашнуваме. Откако кје го подготвиме плехот, смесата ја нанесуваме рамномерно во плехот и печеме на 180 степени околу 40 минути. Откако колачот ќе се испече го вадиме од рерна и го оставаме да се олади, па го сечеме на коцки.
tk1

Финален дел

Во помал сад го ставаме искршеното чоколадо и го растопување на пареа, земаме од коцките, ги валкаме во растопеното чоколадо и кокос. Постапката ја повторуваме со преостанатите колачиња се додека имаме чоколадо и кокос.Доколку ни останат коцки ги наросуваме со шеќер во прав.
tk1

Пријатен апетит!


Состојки

  • Јајца 4 големи
  • Ореви (orah) 100 гр
  • Сончоглед 100 гр
  • Лен semenke lana) 100 гр
  • Семки од тиква 100 гр
  • Сусам 100 гр
  • Суво грозје 100 гр
  • рендана кора од портогал ( rendana kora od pomarange) 1 големи
  • Цимет 1 лажички
  • Мед 5 лажици
  • Сода бикар soda bikarbona 1 лажички
  • вода 100 мл
  • Јаболки 500 гр
  • Чоколадо за готвење 200 гр
  • Кокос 200 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK