Шненокли
  • ч : 30мин
  • 4 порции
  • лесно

Верувам дека секој ги има приготвено Шненолкиве, толку совршен и едноставен десерт кој подсетува на детство. Шненолките некогаш беа многу приготвувани, денеска поретко се прават но сеуште се вкусни.
lk1

Приготвување на кнедли од белки

Во длабок сад сипајте го млекото и ставете го на плотна да се грее на средна температура. Во млекото ставате 50 гр. шеќер и ванилин шеќер. Додека се грее млекото одвојте ги белките од жолчките.Белките изматете ги со четири лажици шеќер се додека не добиете бела хомогена и цврста смеса.Пред да ги мататите јајцата треба одстојат на собна температура.На карај, кога ќе зоврие млекото ја намалуваме температурата на плотната.


Земаме од изматените белки со лажица и ставаме во млекото кое несмее многу да врие, бидејки може да дојде до распаѓање на кнедлите од белка, па затоа ги вариме на тивок оган. Кога кнедлите ке нараснат се вртат од другата страна да се сварат, само да напоменам дека сите кнедли не се варат одеднаш. Варените кнедли вадете ги со лажица решетка и ставајте ги во длабока чинија.
lk1


Приготвување на крем од жолчки

Жолчките пенасто се матат со 50 гр шеќер и на крај измешајте ги со густинот. Додадете малку од млекото во кое се вареа кнедлите и добро промешајте.Варете на тивка температура со непрекинато мешање, додека жолчките не се згуснат. Ако сакате погуст крем додадете повеќе од густинот.
lk1

Финалниот дел

Готовиот крем од жолчки го сипаме во садот со кнедли од белки, и рендаме кора од еден портокал.
Шненоклите добро оладете ги пред да ги послужите.


Предлог

По желба моше да нарендаме црно чоколадо или да наросиме цимет.
Мислам дека овој рецепт ве вратил во вашето детство и дека пак ќе го направите.



Пријатен апетит!


Состојки

  • Млеко 1 л
  • Шеќер 100 гр
  • Ванилин шеќер 30 гр
  • Густин 1 лажици
  • Портокал 50 гр
  • Јајца 5 средни
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK