X Пита
  • ч : 45мин
  • 4 порции
  • лесно

Еве ме пак со моите питички, неможам без нив, секогаш нова и интересна со разни филови и разни подготовки.Се надевам дека сите од вас ги сакате овие производи од кори да ли биле тоа домашни или купечки.

Подготовка на филот

Спаноќот го чистите, миете и ставате сол во него, оставатењ да одстои половин час. Потоа го стискате да се убаво исцеди, го сецкатеи го ставате во тава со малку масло за јадење и кромид. Го пропржувате околу петнаесет минути и го тргате да се олади додавате и малку урда.

Подготовка на корите

Корите може да ги мачкате со растопен маргарин, тоа е еден начин па може со масло за јадење и растомен маргарин микс,или со млеко и масло за јадење. Па дури може да ставите кај млекото и квасец сув или свеж или прашок за печиво. Секако може да комбинирате како со течните состојки така и со филовите. Корите ги мачкате па ги сечете по ваша желба. Во овој случај ги мачкате корите со растопен маргарин. Редите четири кори една преку друга и ги мачкате.

Диплење на питата

Одкако ги намачкавте корите ги филувате со спаноќ и урда. Ги диплите укосо како на слика, ако сакате можете и помали да ги правите. Потоа ги ставате во подмачкан плех. Одозгора ги премачкувате со растопениот маргарин и ги засекувате. Се печат на 220 степени додека не добијат убава румена боја. Кога ќе ги извадите од рерна може да ги испрскате малку со вода да омекнат а ако сакате да ви крцкаат оставете ги така.

Пријатен апетит! Се надевам дека ви го погодив вкусот и дека ќе уживате во мојата питичка. Се гледаме наскоро.


Состојки

  • Кори за пита 500 гр
  • Маргарин 250 гр
  • Спаноќ 500 гр
  • Урда 300 кг
  • Кромид 200 гр
  • Масло за јадење 2 лажици
  • Сол 1 лажички
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK